Комисијата за хартии од вредност како регулатор на пазарот на капитал во континуитет низ различни модалитети ги поттикнува сите потенцијални издавачи на хартии од вредност своите проекти да ги реализираат преку алтернативен начин на финансирање како што се општинските обврзници.
Со цел да им помогне на едниците за локалната самоуправа да ја отпочнат и полесно да ја спроведат постапката за издавање на општински обврзници, а на инвеститорите да разберат дека станува збор за процес кој е под регулаторен надзор, Комисијата за хартии од вредност издаде Прирачник за издавање на општински обврзници.
Ова издание е своевиден Патоказ кој се очекува да ги води едниците за локалната самоуправа низ постапката за издавање на локални обврзници и истиот во електронски облик е достапен на следниот линк: https://www.sec.gov.mk/Priracnici/Prirachnik-za-izdavanje-na-opshtinski-obvrznitsi-