ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка со своите нови пријатели навива за македонската фудбалска репрезентација

    Време зa читање: 2 минути

    Фото: УНИЦЕФ – ФФМ

    Го шириме кругот на пријатели на Комерцијална банка и на македонскиот фудбал за заедно да навиваме за Македонија и да уживаме во претстојната светска фудбалска магија.

    Комерцијална банка е особено почестена од 11 нови пријатели – дечиња од Посебното основно училиште „Д-р Златан Сремец“ – Скопје и од Здружението САНО кое помага на деца со канцер и на нивните родители, како и младите математичари од Есенската математичка школа 2022 во организација на Сојузот на математичари на Македонија.

    Фото: УНИЦЕФ – ФФМ

    Неделата на 20 ноември, кога се одбележува Светскиот ден на детето, беше посебен ден за овие 11 дечиња затоа што тие ја почувствуваа магијата на фудбалот и беа придружници на македонските фудбалски звезди во официјалниот дел од почетокот на пријателскиот натпревар Македонија – Азербејџан. Тоа беше посебен ден и за нас бидејќи ја прифатија поканата од Комерцијална банка и од Фудбалската федерација на Македонија за сите заедно да ја споделиме љубовта кон македонскиот фудбал.

    Возбудата од терен се префрли на трибини, каде дечињата ни се придржија за заедно да навиваме за голови и нови успеси. Нашите срца, сите заедно, чукаа во ист ритам за македонската фудбалска репрезентација. Нашите верувања беа единствени дека заедно е полесно да ги надминеме сите пречки и сите предизвици.

    Фото: УНИЦЕФ – ФФМ

    Фото: УНИЦЕФ – ФФМ

    Извор: kb.com.mk

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично