Клиентите од Кавадарци отсега ќе имаат пристап до најсовремени банкарски услуги благодарение на новата, целосно реновирана филијала на Комерцијална банка. Со нов, модерен изглед и дигитална зона достапна 24 часа во денот, оваа филијала претставува значаен чекор кон унапредување на банкарското искуство и дигиталната трансформација на целиот регион.
Во дигиталната зона клиентите ќе можат во секое време да користат:
- Два банкомати, од кои едниот овозможува и уплата и исплата на готовина,
- Дигитален киоск за плаќање сметки кон ЕВН, Телеком, А1, БЕГ и Телекабел, без провизија и без чекање на шалтер,
- Печатење на извод од трансакциска сметка за корисниците со Интернет банка,
- Пристап со било која банкарска картичка, без потреба од дополнителни потврди.
Покрај дигиталната зона, филијалата располага и со модерни шалтери, каде што клиентите можат да ги користат сите стандардни банкарски услуги:
- Отворање на денарски и девизни сметки,
- Внатрешни и меѓународни плаќања,
- Брз трансфер на средства и менувачко работење,
- Апликации за кредити, картички и дозволено пречекорување,
- Купување удели во инвестициски и пензиски фондови,
- Склучување осигурување,
- Е-commerce решенија за бизниси кои сакаат да растат преку дигитална трансформација.
Работното време на филијалата е од понеделник до петок, од 8 до 16 часот, а во сабота од 9 до 12 часот.
Од Комерцијална банка велат дека оваа инвестиција претставува дел од стратегијата за унапредување на корисничкото искуство и јасен сигнал за поддршка на локалната економија.
„Горди сме што преку оваа инвестиција не само што обезбедуваме подобрена услуга за нашите клиенти, туку и придонесуваме за економскиот развој и дигитална трансформација на целиот кавадаречки регион“, велат од Банката.