Грижата за правата и квалитетот на животот на повозрасната популација е нашето мото во долгогодишната финансиска поддршка што ја обезбедуваме за одржување на Републичките пензионерски спортски натпревари.
Комерцијална банка е докажан поддржувач и партнер на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија. Во таа насока и оваа година обезбедивме спонзорство за 26-те пензионерски спортски натпревари што ќе се одржат во Охрид.
Како општествено одговорна компанија традиционално ја поддржуваме оваа иницијатива затоа што поттикнува активен и квалитетен личен и општествен живот на повозрасната популација. Остануваме посветени на обврската со своето работење и со својата општествена одговорност да придонесуваме за подобар свет околу нас.