Акциите на Комерцијална банка се најатрактивни воедно и најтргувани на берзата во месец јули 2021 година, со промет од 221.910.347 денари или 3.604.574 евра.
Количински се истргуваа 23.903 акции, по просечна цена од 9.283,79 денари.
На второ место се акциите на Реплек Скопје со промет од 68.408.318 денари или 1.111.725 евра. Во 27 трансакции, истргувани се вкупно 676 акции на Реплек Скопје, по просечна цена од 101.195,74 денари по акција.
Во топ три, на трето место со промет од 44.919.022 денари или 728.976 евра се акциите на Алкалоид Скопје, каде во месец јули количински се истргувани 2.823 акции, по просечна цена од 15.911,80 денари по акција.
На овие три акции во месец јули се сврте промет од 5.445.275 евра.
Прочитај и: Македонска берза го објави месечниот статистички билтен за јули 2021