ПОВЕЌЕ

    „Киппер“ го отвори првиот маркет во Источна Македонија

    Време зa читање: < 1 минутa

    „Киппер“ го отвори новиот продажен објект во Штип, кој е 65. продажен објект во мрежата на хард-дисконтерот и прв во источниот дел на Македонија, објави поратлот InStore.mk

    Новиот маркет е лоциран на улицата Партизанска, бр. 100, лок. 1. Се протега на вкупна површина од 450 квадратни метри, од кои 370 квадрати се продажен простор, а преостанатите се користат како магацински. Потрошувачите имаат на располагање 2 наплатни каси, а за услугата се грижат вкупно 10 вработени. Маркетот располага со асортиман од речиси 2.200 производи.

    Следната недела „Киппер“ ќе отвори голем маркет во Боговиње, а следуваат и новите објекти во Липково, Дебар и во Радовиш.

    Ова ни е прв маркет во Источна Македонија, а другите два следуваат наскоро во Радовиш и во Струмица. Во блиска иднина се надеваме дека ќе бидеме присутни и во Велес, како и во некои други градови, каде што претходно не сме биле познати како бренд, изјавија за InStore од „Киппер“.

    Извор: InStore.mk

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично