ПОВЕЌЕ

    ЗГОЛЕМУВАЊЕ ОД 10 НАСТО, ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА репер во новата методологија – Владата и синдикатите си подадоа рака

    Време зa читање: 3 минути

    Септемвриската плата ќе биде повисока за десет проценти, а регресот за годишен одмор од десет илјади денари ќе биде исплатен во декември. Новата методологија, која за пресметка на примањата на вработените во јавниот сектор како репер ја зема просечната плата, ќе се применува од март 2025 година. Синдикатите и Владата конечно постигнаа договор за потпишување на општиот колективен договор и за сите досега спорни елементи, за кои со месеци се преговара во рамките на Економско-социјалниот совет.

    Со ова, двете страни се задоволни, затоа што постигнатото решение ги штити интересите на работниците, стандардот, но и ја следи продуктивноста на домашната економија. А, за имплементација на договореното во септември претстпо ребаланс на државната каса.

    Зголемувањето нема да важи за функционерите, кои својот дел од 78 проценти го добија во март.

    „Договоривме дека новата методологија за пресметка на платите за вработените во јавниот сектор ќе започне од март 2025 година. Со септемвриската плата ќе биде зголемувањето од десет проценти на платите во јавниот сектор, К-15 до крајот на декември 2023 во висина од 10.000 денари. Во општиот колективен договор ќе стои одредба исплатата на К-15 од 2024 да биде најмалку 30 проценти од висината на просечната плата во изминатата година“, информираше министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

    Вработените во јавниот сектор треба да бидат задоволни, смета претседателот на Сојузот на синдикатите, Слободан Трендафилов.

    „За нас како синдикати беше важно вработените во јавниот сектор на банкомат во септември да добијат далеку повеќе од бараните 14 насто. Со овој процент кој го договоривме ја постигнавме целта, ако имаме предвид дека платите на голем дел од вработените во јавниот сектор со синдикални активности пораснаа во изминатиот период“, наведе новиот синдикален лидер.

    Потребно е усогласување со буџетот, па затоа општиот колективен договор и новата методологија ќе важат од март 2025 година, посочи министерот за финансии, Фатмир Бесими.

    „Најзначајно е дека станува збор за решение постигнато преку дијалог, во кој градиме меѓусебна доверба, решение кое воспоставува систем на долг рок и гарантира раст на платите на сите вработените во јавниот сектор и заштита на стандардот на граѓаните“, нагласи министерот.

    Воедно, додаде дека заеднички утврдениот предлог ќе оди пред Економско-социјалниот совет, за да биде потврден на наредната седница, која ќе се одржи деновиве.

    Со Фејсбук статус договорот го поздрави и вицепремиерот задложен за економски прашања, Фатмир Битиќи, кој исто така е дел од преговарачкиот тим.

    „Дојдовме до решение кое на долг рок ќе го реши ова прашање и кое ќе донесе стабилност и предвидливост за колегите во јавниот сектор.

    Задоволен сум од водениот дијалогот и прагматичноста на работните состаноци на кои дојдовме до ова заедничко, важно, системско решение. Верувам дека и покојниот претседател на ССМ, Дарко Димовски ќе беше горд, жал ми е што не можевме овој процес заедно да го завршиме, но важно е дека е завршен и дека ќе можеме да продолжиме да отвораме други реформски и развојни прашања, за унапредување на работничките права и ефикасноста и ефективноста на јавниот сектор“, напиша вицепремиерот.

    Протестите и штрајковите, на кои вработените во јавниот сектор го манифестираа незадоволството од платите „изедени“ од инфлацијата, беа чести во текот на неколкуте изминати месеци. Ветер во грб им даде одлуката на Уставниот суд и растот на функционерските примања

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично