ПОВЕЌЕ

    ЕСМ: Поголемите трошоци не мора да значат и поскапо парно

    Време зa читање: 2 минути

    Зголемувањето на трошоците на дејноста не мора да значи и зголемување на крајната цена на парното – соопштија денес од АД ЕСМ, појаснувајќи дека компаниите кои ја вршат дејноста производство, дистрибуција и снабдување поднеле барање за признавање на трошоците од работењето на друштвата до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. А, врз основа на тие податоци и одобрените трошоци за вршење на дејноста, РКЕ ги утврдува тарифните ставови според кои се фактурира испорачаната топлинска енергија кон крајните потрошувачи во следниот период.

    Притоа, во соопштението се наведува дека АД ЕСМ по задолжение од Владата ја презеде и топлинската енергија за Град Скопје.

    „Во изминатата грејна сезона немаше прекин во снабдувањето со топлинската енергија и на задоволство на огромен број граѓани, на 15 октомври радијаторите беа топли. И следната грејна сезона АД ЕСМ нема да дозволи да има прекини во снабдувањето со топлинската енергија. Веќе се започнати активностите за отстранување на опожарениот топловод на мостот ‘Беласица’. ЕСМ Дистрибуција на топлина ќе вложи максимални напори демонтажата да се заврши во најкраток можен рок“, велат од АД ЕСМ.

    Реакцијата е произлезена од информацијата објавена пред неколу дена, дека претстои поскапување на парното за високи 54 насто, доколу се прифатат барањата на компаниите. Рагулаторите, бече посочено, ги анализираат барањата, а цената ќе се знае за 10 дена.

    Притоа, беше наведено дека две од трите фирми за парно на ЕСМ бараат зголемување. Пресметки доставиле и ЕСМ Енергетика и Скопје Север. Новата цена би била важечка од први август, а ДДВ за топлинска енергија останува пет проценти и засега нема најава дека ќе се менува.

    Според изјавите на првиот човек на РКЕ, Марко Бислимовски, Дистрибуција бара зголемување за 50 насто, Снабдување за 54,2, а Производство намалување од 29,42 отсто.

    Ова е втора грејна сезона како ЕСМ менаџира со парното греење. По одземањето на лиценците од БЕГ, оваа дејност по барање на Владата премина во домен на ЕСМ, која за таа намена формираше нови фирми – за производство, дистрибуција и за снабдување со топлинска енергија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично