Комерцијална банка ги известува клиентите дека експозитурата во трговскиот центар Ист Гејт мол денеска (31.08.2022 година) нема да работи бидејќи трговскиот центар ќе биде затворен за посетители. Дигиталната зона во експозитурата останува на располагање 24/7.
Дополнително, на располагање на клиентите им се и експозитурите на Банката кои се наоѓаат во непосредна близина – „Автокоманда“, „Скопјанка“ и „МНТ“.
Секако, клиентите може да ги извршат своите финансиски трансакции и преку дигиталните канали Интернет банка, мБанка и KomPay, широката мрежа на банкомати и дигиталните експозитури на Комерцијална банка, кои им се на располагање 24/7.
Клиентите ќе бидат навремено известени за отворањето на експозитурата „Ист Гејт мол“.