Комерцијална банка ги известува клиентите дека експозитурата во населбата Драчево, како и банкоматот во истата, нема да работат на 24.04.2023 година (понеделник) поради нивна преселба на нова локација.
Експозитурата и банкоматот ќе продолжат со работа од 25.04.2023 (вторник) на нова локација, ул. Живко Фирфов бр. 30а.
Клиентите може да ги извршат своите финансиски трансакции во останатите експозитури и филијали на Комерцијална банка, како и преку дигиталните канали Интернет банка, мБанка и KomPay и широката мрежа на банкомати и дигитални експозитури, кои им се на располагање 24/7.