ПОВЕЌЕ

    Донација од Комерцијална банка за Дневниот центар за деца на улица

    Време зa читање: 2 минути

    Насмевките на децата и радоста кога сме заедно се најубавиот дел од празниците. Возбудата на празниците ја носат токму децата, а тие ја заслужуваат и најголемата среќа.

    Комерцијална банка споделува радост со многу свои партнери и пријатели, а особено омилени ни се дечињата од Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари во Скопје, со кои 14 години се дружиме и ги даруваме.

    Со донација на финансиски средства за набавка на храна и на средства за хигиена, Комерцијална банка и оваа година традиционално го помогна Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари во Скопје.

    Со оваа наша хумана мисија веќе 14 години помагаме незгрижените деца да се тргнат од улица, да добијат оброк и основни хигиенски услови. На овој начин придонесуваме децата да го добијат тоа што го заслужуваат – грижа, образование и достоинствен живот. Традиционално, пред Нова година Комерцијална банка ги изненадува дечињата и со новогодишни пакетчиња.

    Комерцијална банка е долгогодишен поддржувач на Дневниот центар, каде што  дневно се згрижуваат 67 дечиња, од кои повеќето посетуваат и училишна настава. Партнерството се темели на заедничката мисија да се подобри квалитетот на животот на овие деца и да им се обезбеди здраво детство и иднина.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично