Visa ги надмина кварталните проценки на Волстрит за крајот на 2021 откако порастот на меѓународни патувања и онлајн трговијата доведоа до зголемување на обемот на потрошувачката. И покрај тоа што патувањата од крајот на декември се во делумен застој порадиширењето на варијантата на коронавирусот омикрон, директорите на Visa рекоа дека веруваат дека закрепнувањето ќе продолжи и нето приходите ќе пораснат во вториот фискален квартал оваа година.
„Напредокот ќе дојде од континуираното закрепнување на меѓународниот сообраќај и богатите клиенти кои ќе ја зголемат потрошувачката на нивоата на кои беа пред пандемијата“, рече претседателот на Visa и главен извршен директор Алфред Кели во разговор со аналитичарите на Ројтерс.
Најголемиот процесор за плаќања во светот објави дека трансакциите се зголемиле за 21% на 47,6 милијарди долари во текот на кварталот во споредба со претходната година. Прекуграничниот обем се зголемил за 40%, поради наглото зголемување на патувањата меѓу септември и ноември, кога повторно се отворија границата со САД и повеќето граници во Европа.
Главниот финансиски директор на Visa, Васант Прабху, рече дека дури и ако земјите го вратат затворањето на границите оваа година поради новите варијанти на СОВИД-19, се чини дека трошењето брзо се враќа кога потрошувачите можат да патуваат. „Отворените граници може да имаат значително и моментално влијание“, рече Прабху. „Нашите проценки се дека ќе има постојано подобрување во текот на годината“.
Акциите на Visa пораснаа за дури 2,5% во тргувањето после работното време по резултатите на компанијата. Нето приходите се искачија на 7,1 милијарди долари во трите месеци кои завршија на 31 декември, што претставува зголемување од 24% во однос на претходната година.
Visa објави профит од 3,9 милијарди долари или 1,81 долари по акција. Аналитичарите, во просек, процениле нето приход од 1,70 долари по акција, според податоците на IBES од Refinitiv.
Ривалските компании за картички Mastercard и American Express, исто така, објавија дека ги надминале проценките за кварталниот профит оваа недела, поттикнати од обновените потрошувачки трошоци за меѓународни патувања, посети на ресторани и шопинг.