Филијалата на Комерцијална банка во Струмица доби нов современ изглед и дигитална зона 24/7, со што на клиентите ќе им обезбеди уште поголемо корисничко задоволство преку модерни технологии и пријатен амбиент.
Реновираната филијала во Струмица е дизајнирана за да обезбеди поефикасни и побрзи банкарски услуги во секое време.
На наше огромно задоволство на клиентите им нудиме:
- Банкарство 24/7 преку банкомати за уплата и исплата на готовина и дигитални киосци.
- Банкомат приспособен за користење од лица со посебни потреби.
- Брза и комплетна услуга од стручни и искусни банкарски службеници.
- Бесплатна обука за користење електронско и мобилно банкарство.
- Персонализирано банкарство за паметни финансиски одлуки.
Дигиталната зона на Филијалата е опремена со два банкомата, од кои едниот овозможува уплата и подигање готовина, како и со дигитален киоск, кој е современо решение за плаќање сметки за јавни услуги (ЕВН, Телеком, А1, БЕГ и Телекабел) без провизија, без посета на шалтер и со картичка од која било банка. На дигиталниот киоск може да се испечати и извод од платежна сметка на физичко лице за која има претплата на Интернет банка. Влезот во дигиталната зона 24/7 е овозможен со сите банкарски картички.
Во Филијалата Струмица клиентите на шалтерите ги имаат на располагање стандардните банкарски производи и услуги, како што се отворање платежна сметка во денари или во девизи, плаќање во земјата и во странство, брз трансфер на пари, менувачко работење, кредитни и депозитни производи, можност за купување удели во инвестициски и пензиски фондови и осигурителни полиси, како и e-commerce услуги. Шалтерите во Филијалата се отворени од понеделник до петок од 8 до 16 часот и во сабота од 9 до 12 часот.
Филијалата на Комерцијална банка во Струмица останува посветена на потребите на граѓаните и на компаниите во овој економски значаен и динамичен регион. Со понудата на ефикасни и модерни финансиски решенија Комерцијална банка има за цел да го поддржи економскиот раст и да остане доверлив партнер на клиентите во Струмичкиот регион, велат од банката.