ПОВЕЌЕ

    Дигитален паричник, тренд и безбедност

    Време зa читање: 2 минути

    Кешот сè повеќе „излегува од мода“, а бесконтактното плаќање за секојдневните купувања на корисниците секаде во светот е во постојан пораст. Картичките, кредитните и дебитните, постојат веќе подолго време, но и нив полека почнува да ги заменува нов алтернативен начини на плаќање – со мобилен телефон. Сега веќе не мора да носите различни картички со вас, ниту мора да ги барате во вашата торба или паричник, туку можете да извршите плаќање за само неколку секунди држејќи го вашиот мобилен телефон. Така, мобилниот телефон  веќе не е само уред за комуникација или средство за пребарување низ интернет мрежата, тој денес веќе е и дигитален паричник. Ова е секако најбрзиот начин за плаќање на сметката, со оглед дека мобилниот телефон денес е нешто од што не се одделуваме, но и најсигурен, бидејќи нема веќе потреба корисникот со себе да ги носи картичките – тие виртуелно се во мобилниот телефон.

    Услугата на плаќање со мобилен телефон е достапна за сите клиенти на Халкбанк кои се корисници на кредитни или дебитни платежни картички од брендот Mastercard, кои преку апликацијата HalkPay можат да уживаат во бесконтактното плаќање на сите ПОС-терминали што поддржуваат NFC-технологија. Единствено потребно е да се преземе апликацијата за бесконтактно плаќање  HalkPay од Google Play Store на мобилен уред со оперативен систем Андроид и да се дигитализираат картичките. Една картичка се избира како основна картичка со опција за брзо плаќање (fast payment).  Другите дигитализирани картички од брендот Mastercard може да се користат за плаќање со мобилната апликација доколку пред плаќањето се избере конкретната картичка.

    Сѐ што треба да направи корисникот кога сака да изврши плаќање е да ја отвори апликацијата, да го доближи својот мобилен уред до ПОС-терминалот што поддржува бесконтактно плаќање и плаќањето ќе биде извршено.

    Едноставноста, брзината и сигурноста се едни од клучните предности на оваа апликација. Преку нејзиното користење се добива можност за спроведување бесконтактни плаќања со мобилниот уред на продажни места ширум светот.

    Кога и да излезете, повеќе не мора да го носите паричникот со вас. Сега само опуштете се и уживајте во плаќањето побрзо и полесно со виртуелизирани картички директно со вашиот мобилен телефон. Затоа, активирајте ја апликацијага HalkPay и откријте ново, лесно, бесконтактно искуство на плаќање.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично