ПОВЕЌЕ

    Грешки кои треба да ги избегнете ако инвестирате пред пензионирање

    Време зa читање: 2 минути

    Чарли Мангер е потпретседател на Беркшир Хатавеј, една од најголемите светски компании. Опишувајќи го успехот на Беркшир Хатавеј, тој рече: „Зачудувачки е колку голема и долгорочна предност луѓето како нас ја имаат само пробувајки да не бидеме глупи, наместо да пробуваме да бидеме многу интелигентни.“

    Тој има одлична поента: Избегнувајте грешки и тоа што останува може да биде паметно и да ве води кон успех. Во тој дух, еве кои грешки треба да ги избегнете ако инвестирате пред пензионирање.

    Обидот да преживеете ден, за ден, без да имате план.

    Финансиски безбедна пензија не се случува сама по себе. Потребно е да имаме детален план, и да се држите до него. Тоа значи дека ќе треба да одговорите на следните прашања:

    • Колку можам да заштедам секоја година?
    • Каде ги инвестирам моите средства за тие да растат?
    • Може ли да заштедам повеќе?
    • Како најдобро да управувам со моите средства?

    Нецелосно искористување на можностите кои ви ги нуди вашиот работодавец

    Многу работодавци им нудат на своите работници шанса да ги вратат финансиските средства кои ги штеделе за пензионирање.

    Дури и ако не придонесете ништо друго на вашата сметка, искористете ги целосно можностите кои ви стојат на располагање од вашиот работодавец.

    Недоволно штедење

    За лице кое започнува да штеди на возраст од 25 години и планира да замине во пензија на 67 години, потребно е да штеди 9 проценти. Но, ако сакате да заминете во пензија на 62-годишна возраст, потребно е да штедите 17 проценти.

    Не ја заборавајте инфлацијата

    Инфлацијата е постепено (а понекогаш и не толку постепено) зголемување на цените со текот на времето. На пример млекото кое чинело 50 денари, веројатно ќе чини многу повеќе за неколку децении кога ќе се пензионирате. Значи, кога размислувате за планирање на пензија, осигурајте се дека ќе имате куповна моќ во иднина.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично