Ноема најавува новина во скопските приказни која ќе го редефинира кулинарскиот пејзаж во Македонија.
Секој дел единствен по својот концепт и инспирација, нуди неспоредлива гастрономска авантура, чија мисија е да ја скокотне секоја Ваша желба на внатрешно задоволство и вкус.
Carmel Bistrot: ново автентично француско бистро со локален твист
Вгнезден во раздвижените скопски улици, Carmel Bistrot нуди пријатно бегство до рустичниот шарм на француските бистроa, беспрекорно споени со топлината на македонското гостопримство. Во овој кулинарски рај, локалните состојки доаѓаат на рандeву со француските бистро класици, создавајќи храна која раскажува приказна со секоја чинија. Лежерната, но енергична атмосфера го прават Carmel Bistrot совршено место за ранобудниците кои бараат вкусен почеток на своjот ден, лежерен ручек со семејството, а ноќе се во потрага по живи разговори и дружба со пријателите.
Mono Bar: нова главна АФТЕРВОРК дестинација
Како што работниот ден полека доаѓа до крај, Mono Bar го означува почетокот на уште еден афтерворк ритуал, зачинет со авторски коктели и модерен електронски звук. Без разлика дали сте расположени за авторски коктели креирани од наградувани коктел-мајстори, направени со јапонска прецизност и иновативен твист; или главниот афтерворк порив ви е да се дружите со колегите, да наздравите со пријателите, да прославите со друштвото – Mono Bar е совршена крајна дестинација за опуштање по долг ден.
Од денес 5 ти Април, придружете ни се на отворањето на ова возбудливо ново поглавје од македонската кулинарска приказна во срцето на Скопје, Gourmet Street, Diamond mall.