Во склоп на одбележување на Кампањата за “Денови на борба против гладта“, вработените од Стопанска банка – АД Скопје и оваа година реализираа собирна акција за финансиски средства во Централната зграда на Банката, но и преку i-bank дигиталните канали со што им беше дадена можност на сите колеги да придонесат во собирната акција.
Со собраните доброволни прилози, волонтерите на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Центар подготвија 22 пакети со прехрамбени продукти. Пакетите беа дистрибуирани од страна на стручната служба на Општинска организација Центар и претставник од Стопанска банка на ден 18. 11. 2021 година на 22 згрижувачки семејства од регистарот на Центарот за социјална работа на град Скопје.
Изразуваме голема благодарност до вработените за хуманоста која традиционално ја покажуваат преку ваквите акции, но и на Црвениот крст за незапирливата борба за подобар живот на нашите сограѓани.