ПОВЕЌЕ

    Вкупниот промет на Македонска берза е намален за 31 отсто во однос на јуни 2021 

    Време зa читање: < 1 минутa

    Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.07 – 30.07.2021 година вкупниот промет изнесувал 1.067.030.168 денари и е намален за 31,14 отсто во однос на претходниот месец. 

    Класичното тргување изнесувало 483.320.024 денари и е намалено во однос на јуни за 10,24 отсто кога изнесувало 538.444.769 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 456.228.265 денари и обврзници во вредност од 27.091.759 денари.

    Блок трансакциите во јули изнесувале 583.710.144 денари и се намалени за 42,26 отсто во однос на јуни.

    Бројот на трансакции во јули изнесувал 1.320 и е намален за 6,45 отсто во однос на јуни кога изнесувал 1.411.

    Најтргувани акции на официјалниот пазар за јули се на Комерцијална банка АД Скопје, следи Реплек АД Скопје и третото место го зазема Алкалоид АД Скопје.

    Според количината на истргувани акции, апсолутен лидер е Гранит Скопје со 35 036 истргувани акции, каде просечна цена по акција изнесувала 1.222,92 денари.

    Месечниот статистички билтен за јули 2021 година можете да го погледнете тука.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично