Ски Македонија | Во двата дена од викендот кој што следи очекуваме променливо време. Ќе имаме од „се по нешто“, односно дел од метеоролошкиот мозаик ќе бидат и врнежи од снег, лоша видливост, ветер и ниска температура
САБОТА:
Ако не ви пречи студено и умерено ветровито време, сабота е одличен избор. Ведро време, со одлична видливост.
Просечна висина на 0°С изотерма на пладне:
Запад : 1200 метри.
Исток: 900 метри
Температура на слој на воздух на 1500м на пладне:
Запад: Околу -2°С.
Исток: Околу -5°С.
Ветер на 1500м:
Запад: Слаб до умерен север-североисток
Исток: Умерен север
Ветер над 2000м: .
Запад: Умерен северозапад
Исток: Умерен северозапад
Осетната температура (Windchill) над 2500 метри ќе биде околу -15 °С!
НЕДЕЛА:
Наутро ќе имаме одлична видливост, но високата и средна облачност ќе бидат само најава за брзата и краткотрајна промена која се очекува во недела попладне. Во северната половина од земјава, околу пладне, ќе почне да се снижува висината на базата (долната граница) на облачноста, а со тоа во осоговскиот, шарскиот и регионот околу Јакупица над 2000 метри висина ќе има услови за влошување на видливоста. Од оваа облачност може да се очекуваат само слаби повремени врнежи од снег.
Планините во јужниот регион остануваат со облаци кои ќе имаат база над врвовите, што значи и добра видливост, а од овие облаци не очекуваме врнежи.
Просечна висина на 0°С изотерма на пладне:
Запад: 1100 метри.
Исток: 800 метри
Температура на слој на воздух на 1500м на пладне:
Запад: Околу -3°С.
Исток: Околу -5°С.
Ветер на 1500м:
Запад: Слаб до умерен север-североисток
Исток: Слаб до умерен север-северозапад
Ветер над 2000м: Умерен до засилен североисток.
Осетната температура (Windchill) над 2500 метри ќе биде околу -23 °С!
Повеќе инфор на Ски Македонија