Почнувајќи од 20 јуни и заклучно со 30 јули, верните купувачи можат да учествуваат во „Веро летна дестинација за наградна акција”, секоја сабота да очекуваат вредни награди како електричен тротинет или ЛЕД-телевизор и да се натпреваруваат за последниот модел на тојота „јарис”.
Во рамки на големата наградна игра, покрај новиот автомобил, Веро доделува и скутер, по шест електрични тротинети, телевизори, машки и женски велосипеди, по 12 мобилни телефони и скари, 30 часовници, како и по 30 вредносни ваучери од 2.000 и 1.000 денари. Вкупно, во рамки на оваа голема наградна игра ќе бидат доделени повеќе од 120 вредни награди.
Во „Веро летна дестинација за наградна акција” може да се учествува со секоја сметка над 300 денари, во која што се вклучени означените промотивни продукти. Сите заинтересирани учесници ќе добијат купон којшто треба да се пополни и остави во означените кутии во Веро-маркетите. Секоја сабота ќе се доделува по еден електричен тротинет Hamachi ET-A9, телевизор Fuego 43 инчи Full HD SMART LED, машки велосипед Max Skywar, женски велосипед Max Cruiser, два мобилни телефони Xiaomi Redmi 9, две електрични скари Adler AD 6610, пет рачни часовници Casio, пет вредносни ваучери од 2.000 денари и пет вредносни ваучери од 1.000 денари.
– Летните месеци се одличен период од годината кога сите сакаме да се релаксираме, да патуваме или да бидеме активни на отворено и затоа решивме да доделиме вредни награди кои токму сето ова ќе им го овозможат на нашите ценети потрошувачи. Без разлика дали сакаат да одат до омиленото туристичко место, да возат тротинет или велосипед, да гледаат фудбалски натпревар или со друштвото да прават скара, оваа голема наградна игра сето ова го обезбедува. Се надеваме дека на овој начин ќе успееме дополнително да ги расположиме нашите верни купувачи – истакна Петар Денковски, генерален директор на Веро.
Редовните викенд-извлекувања ќе се одвиваат во Веро центар во Скопје секоја сабота во 12 часот. На 31 јули, пак, ќе се одржи најзначајното извлекување, кога ќе бидат откриени двајца најсреќни добитници на двете главни награди – автомобилот на годината, тојота „јарис” и скутерот Hamachi. Имињата на среќните добитници редовно ќе се објавуваат на профилите на социјалните мрежи на Веро маркети, а дополнително, лицата што освоиле награда, информации ќе можат да добијат и во самите маркети. Подетални информации околу наградната игра се достапни на vero.com.mk или во сите Веро маркети.
ПР Објава