ПОВЕЌЕ

    Важноста на пензиското планирање

    Време зa читање: 4 минути

    Во младостa, пензионирањето изгледа како далечна работа, која може да ја одложиме и да се грижиме понатаму.

    „Ако земеме 100 млади Американци кои започнуваат да работат на 25-годишна возраст, до 65-годишна возраст, еден ќе биде богат, а четворица ќе бидат финансиски независни. Останатите 95 ќе ја достигнат традиционалната возраст за пензионирање не можејќи самостојно да го одржат начинот на живот на кој се навикнале.“ – Водич за инвестирање на Bogleheads

    Можеби е невозможно да се предвиди иднината, но она што можеме е да ги насочиме шансите во наша корист. Затоа, Ви издвојуваме 5 причини зошто ведаш треба да започнете со Вашето пензиско планирање:

    1. Не можеме вечно да работиме

    Во одреден момент ќе ја достигнете возраста кога или нема да сакате повеќе да работите, или едноставно не можете повеќе да работите. Во тој момент ќе треба да се потпрете на други средства за приход.

    • Просечниот животен век продолжува да се зголемува

    Денес, луѓето во просек сега живеат подолго од кога било досега. Подолг живот значи дека ќе ви треба повеќе заштеда за пензија за да продолжите да живеете со ист квалитет и животен стандард.  Со просечен животен век на Македонците до 76 години, лесно е да се потврди потребата за значителна сума за да живеат удобно во пензија. Ова е особено значајно, бидејќи иако просечниот животен век се приближува до околу 80 години, сепак луѓето често живеат и подолго од тоа.

    Доколку се најдете во таа група, над просекот, потребно е да се зголемат заштедите за пензиските денови, повеќе од она што првично се очекувало.  Колку порано започнете со пензиско штедење, толку се поголеми шансите за финансиски стабилни пензиски денови.  Накратко, не планирајте просечен животен век – планирајте повеќе!

    • Неизвесност од иднината

    Луѓето честопати имаат оптимистички гледишта кон иднината, не очекувајќи финансиски пречки, но истата може да има повеќе финансиски неизвесности отколку нашето минато или сегашност.. Додека трошоците за основни потреби продолжуваат постојано да растат, здравствените трошоци растат со алармантна стапка. Иако другите финансиски цели може да се преговараат, здравјето не може. Дополнително, трошоците за инфлација треба секогаш да се земат во предвид при планирање на иднината.

    Ако не можете да го пратите растот на трошоците, ќе мора да направите измени во секојдневните навики и животниот стандард. При тоа, ова не треба да го убие секој оптимизам што го имате за вашето пензионирање, туку треба да ви ја покаже важноста да имате план.

    Правилно планирање на пензија е неопходно во случај да треба да ја покриете секоја долгорочна потреба што може да се јави подоцна во вашиот живот.

    • Финансиска независност

    Дали сте слушнале за „sandwich generation?“.

    Тоа е името за групата луѓе кои истовремено ги поддржуваат своите деца и едниот или двата родители. Околу 44% од возрасните со деца, дома имаат барем еден жив родител на кој потенцијално би можела да му треба грижа.

    Дополнително, денес, младите настојуваат да  водат се посамостојни животи и честопати не можат финансиски да ги издржуваат родителите. Дури и ако тие можат да го направат тоа,  да се биде одговорен за сам себе ќе ви даде повеќе независност да го живеете животот по ваши услови, бидејќи нема да одговарате пред никој друг.

    Имајќи добар пензиски план, не само што се стекнувате со финансиска независност и не сте товар на вашите деца, туку ви дава и ресурси да придонесете за семејството дури и во пензиските денови.

    • Задржување на квалитетот на живот

    Доколку сакате да водите удобен и достоинствен живот во т.н. „златни години“, потребно е финансиско планирање. Состојбата на државните пензиски фоднови не ни гарантира високи примања, но затоапреку инвестирање на средства во доброволните пензиски фондови, се јавува нов извор на примања кои, не само што ќе ни го задржат, туку ќе ни овозможат и подобар животен стандард.

    Доколку пензионирањето е далеку за Вас, тоа е добра вест. Сава Пензија Плус и времето се на Вашата страна. Доброволниот фонд – Сава Пензија Плус овозможува флексибилно инвестирање, согласно Вашите финансиски можности. За повеќе информации за добвроволниот фонд кликнете тука или обратете се до нашите пензиски советници.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично