ПОВЕЌЕ

    БИШЕВ во „КАДЕ СЕ ПАРИТЕ?“: Треба да се размисли за воведување и на трето фискално правило

    Време зa читање: 2 минути

    Македонија како држава со Закон се обврза да го контролира буџетскиот дефицит и јавниот долг на три, односно до 60 отсто од бруто домашниот производ. Овие две базични фискални правила, според првиот човек на Фискалниот совет Глигор Бишев треба да се прошират и со трето правило, а тоа е ограничување колку годишно можат да растат јавните расходи. Бишев, во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, е оптимист дека Собранието ќе воведе ваков дополнителен самоограничувачки механизам, со кои би се ставило ред во трошењето народни пари од страна на владите.

    „Голем дел на земји веќе воведуваат трето фискално правило, а тоа е за контрола на јавните расходи. Односно колку јавните расходи можат да учествуваат во бруто домашниот производ, поготово кој сегмент од јавните расходи. Да кажеме, голем дел од земји во Европската унија  почнуваат да го користат тоа правило, а тоа правило го има и Србија… таму е определено дека јавните расходи не можат да растат побргу опд растот на номиналниот бруто домашен производ. Тоа значи инфлација плус реален раст на бруто домашниот производ.“

    Премиерата е во четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот ЈуТјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.

    Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично