ПОВЕЌЕ

    Ангеловска-Бежоска: Денарот е и ќе остане стабилен

    Време зa читање: 2 минути

    Девизниот курс на денарот останува стабилен и нема да има промени во неговото ниво, изјави денеска за МИА, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, по одржувањето на седницата на Комитетот за финансиска стабилност.

    Централната банка располага со низа инструменти со кои ја гарантира стабилноста на денарот, а вчера, на прес-конференцијата за економските мерки, напомена дека девизните резерви што се клучни за курсот на домашната валута се одржуваат на високо ниво, што е двојно повисоко од нивото пред глобалната економска криза во 2008 година, посочи Гувернерката.

    Заштедите на граѓаните во банките и штедилниците се сигурни и безбедни. Депозитите и сите други услуги што ги нудат овие финансиски институции, и натаму се достапни како и досега, вели гувернерката.

    Претходно, по одржувањето на седницата на Комитетот за финансиска стабилност, Народната банка и Министерството за финансии, заеднички соопштија дека банкарскиот систем е отпорен на потенцијалните шокови што е и гаранција за одржувањето на финансиската стабилност во земјата. Ангеловска-Бежоска и во изјавата за МИА напоменува дека тој е здраво и стабилно јадро во домашната економија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично