ПОВЕЌЕ

    АНАЛИЗА : Детали од ребалансираниот Буџет – кои проекти засилуваат, за кои ќе има помалку пари ?

    Време зa читање: 4 минути

    Ќе растат и јавните и приватните инвестиции со засилено темпо. По најавата дека во период од шест години Владата најавува инвестциски бран од 8 милијарди евра – оптимистичките прогнози за рестаритрање на инвестциите вградени и во ребалансираниот буџет.

    Реалниот раст на бруто-инвестициите е проектиран на 8 проценти во 2021 година, во услови на очекуван раст и на јавните и на приватните инвестиции“ – се наведува во предлог-ребаланс на буџетот кој веќе е пристигнат во Собранието.

    „Порталб.мк“ во детали објавува кои минстерства и институции ќе добијат повеќе пари за капитални расходи преку Развојната компонента на буџетот.

    Капиталните расходи ќе растат – повеќе пари за социјални станови, за здравство, помалку за гасификација, за реформи во одбрана …

    До крајот на годината засилува изградбата и реконструкацијата на Административни згради на државните органи – сумата се зголемува на скоро 4,6 милиони евра.

    Кај Министерството за економија средствата за еден од најзначајните енергетски проекти – гасификацијата остануваат на исто ниво од 2,3 милиони евра, мало намалување има на финансиите за поддршка на развојот на мали и средни претпријатија додека средствата за помош при транзиција и институционална надградба се сведуваат на 16.300 евра.

    За Дирекција за технолошки индустриски развојни зони е предвидено намалување на финансиите на речиси 7,4 милиони евра.

    Преку Министерството за животна средина, средствата за Дојранското езеро остануваат на исто ниво додека сумата за Колекторски систем Охрид и Струга скоро се удвојува на речиси 1 милион евра.

    Едно од министерствата кои располагаат со поголеми буџетски средства и менаџира позначајни капитални проекти е Минстерството за траспорт – парите за изградба на социјални станови се зголемуваат на 3,1 милион евра, зголемување  на 3,7 милиони евра има и кај капиталните расходи за водовод и канализација за општините додека пак средствата за изградба на локални патишта се намалуваат на 9,4 милиони евра а за Проектот за водоснабдување и одведување на отпадни води се намалуваат на 7 милиони евра. Со ребаланс на буџетот намалување има кај најзначаните проекти :  Гасификацијата – пришто расходите преку Развојниот дел на буџетот се спуштаат на 11,5 милиони евра и за Инвестиции во железничката инфраструктура – 25,6 милиони евра.

    Кај Министерството за земјоделство средствата за Хидросистем Злетовица остануваат на сито ниво, се намалуваат парите за Хидросистем Лисиче но затоа пак драматично зголемување има на финансиите за Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој кои се качуваат на ниво од скоро 20 милиони евра за финансиска поддршка на рурален развој.

    Минстерството за труд и социјална политика е едно од оние кои располагаат со најголем Буџет – се зголемуваат финансиите за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита на 2,1 милион евра, за поттикнување на вработувањето на ниво од 10,4 милиони евра додека парите за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица се намалуваат.

    Кај Министерството за образование дел позициите остануваат со помалку пари а кај дел има зголемување – така за изградба на основни училишта средствата се намалуваат на 3,7 милиони евра, за изградба на училишни спортски сали во основни училишта на 5,9 милиони евра, за изградба на средни училишта драстично намалување на само 33.000,  за изградба на училишни спортски сали во средни училишта намалување на 156.000 евра, за изградба и реконструкција на студентски домови средствата се намалуваат на 1,9 милион евра  додека зголемување има за реконструкција на основни училишта на ниво од 1,4 милиони евра и за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови.

    Сериозно зголемување на капиталните расходи има кај Министерството за здравство – финансиите за реконструкција и доградба на објектите на јавните здравствени установи  речиси се удвојуваат на 5,1 милион евра, но се намалуваат за изградба на Општа болница Кичево на 1,2 милиони евра а значајно се намалуваат и за изградба на новиот Клинички Центар – Скопје кој е „заглавен“ во Собранието со што финансиите се сведуваат на 1,7 милиони евра.

    Намалување на средствата преку Развојниот дел на буџетот има кај Министерството за одбранаМинистерството за внатрешни работи – сумата за реформи се намалува а иста останува сумата за реконструкција и опремување на згради, Министерството за финансии помалку средства ќе има за  Проектот  за подобрување на општинските услуги, за рамномерен и за регионален развој, намалување на парите за капитални расходи има и кај  Царинската управаМинстерството за култураМинистерството за информатичко општество и администрацијаЗавод за статистика а помалку пари преку Равојниот дел на Буџетот ќе има за Јавното обвинителство,

    Иста останува сумата за трошење на Дирекција за заштита и спасувањеМинистерството за надворешни работиАгенција за храна и ветеринарство

    Новиот ребалансиран буџет веќе е во Собрание и се очекува дебата пред неговото усвојување.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично