ПОВЕЌЕ

    Зошто силниот американски долар е лош за „остатокот од светот“

    Време зa читање: 4 минути

    Американскиот долар е доминантна валута во светот и игра клучна улога во глобалната трговија. Уште од крајот на Втората Светска војна Соединетите Американски Држави се етаблираа како светска супер-сила, а американскиот долар ја одигра главната улога во воспоставувањето на таа позиција.

    И покрај честите прогнози дека доларот ќе ослабне, денес речиси 60% од резервите во странски валути на националните банки во светот (пари наменети да се покријат ненадејни итни потреби за финансии на некоја држава) се инвестирани во средства деноминирани во долари. Уделот, пак, на доларот како глобална валута е околу 40 %, додека неговиот удел во меѓународниот долг и заеми изнесува 60 односно 50 проценти, се вели во анализата на Си-Ен-Би-Си.

    Покрај тоа што е најчест избор за интернационалните финансиски трансакции, витални стоки, како на, пример, нафтата, се продаваат и купуваат во долари, а сето ова влијае на американската фискална и монетарна политика.

    Иако тоа може да изгледа како добра вест за Американците, тоа е лоша вест за поголемиот дел од светот. „Значи, тука е парадоксот. Остатокот од светот презира колку е доминантен доларот, но тие одат на американскиот долар, бидејќи навистина нема многу алтернатива“, рече Есвар Прасад, економист во Институтот Брукингс и професор и Универзитетот Корнел.

    „Сите се жалат на доминацијата на доларот, но сите му се враќаат на него во време на криза“, додава професорот.

    Атрактивноста на доларот се должи на неколку факти, од кои едната е големината на американската економија и статусот на резервна валута меѓу водечките светски национални банки. „Кога американската економија е во добра состојба, доларот зајакнува, како резултат на тоа пари се влеваат во доларот бидејќи сите се заинтересирани да си ги осигураат парите во време на криза. Ова на крајот ќе ја зацврсти доминацијата на доларот уште повеќе“, вели Прасад. „Тоа е секако сериозен проблем за земјите со ниски приходи кои имаат високи нивоа на надворешен долг, особено долг деноминиран во долари“.

    Кога на почетокот на кризата во март минатата година американските финасиски регулатори почнаа да ги креваат каматните стапки за да се справат со инфлацијата, инвеститорите се свртеа кон инвестиции деноминирани во долари какви што се акциите и фиксните депозити.

    Индексот на американскиот долар, кој ја одмерува тежината на доларот во одност на шесте главни светски валути, достигна 20 годишен рекорд во септември минатата година, создавајќи инфлаторен притисок во другите земји. Кај многу сиромашни држави кои со долари ги купуваа основните стоки наменети за функционирање на нивните општества, какви што се храната, нафтата, со тоа нагло се влоши финансиската состојба.

    На глобален план, ова придонесе за глобална инфлација од околу 9%. Во случајот на Шри Ланка, инфлацијата поради ова достигна 50%. Истовремено поскаше и долгот на сиромашните бидејќи отплатата на долговите кон светските доверители стана поскапа.

    Со ова се креира спирален негативен тренд со кој на другите држави им се намалува ликвидноста и куповната моќ во однос на доларот, што на крајот и пречи и а американската економија. На ваквиот тренд некои земји се обидуваат да му се спротистават, а меѓу нив водечка е Кина, која воспостави Прекуграничен Интербанкарски систем на плаќање, за да ги постави своите економски односи со земјите кои се ривали на САД, но и нејзините сојузници кои се фрустрирани од силниот долар, на поинакви темели.

    Финансиските експерти сметаат дека ова е тренд кој ќе се развива во иднина. Американската финансиска доминација, сепак, се намалува. САД сега учествува со само 25% во глобалниот ГДП, додека во 2020 тој изнесуваше 30%. Експертите сметаат дека на овој тренд најмногу влијаат дигиталните валути.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично