ПОВЕЌЕ

    Зошто куќите во Италија се продаваат за едно евро?

    Време зa читање: < 1 минутa

    Пред две години, во некои италијански градови, властите одлучија да ги пуштат во продажба куќите кои се напуштени и тоа по цена од едно евро.

    Оваа вест брзо се прошири низ целиот свет, а целта беше да се привлечат нови жители.

    Тони Нигрели од градот Мусомели изјави дека проектот во овој град е успешен од 2017 година, и досега се продале 170 куќи.

    Некои од куќите биле во ужасна состојба, а купувачите имале обврска да ги обноват во рок од три години, што чини помеѓу 20.000 и 70.000 евра.

    На многу куќи им требало целосно реновирање – од покривот, sидовите до вратата.

    Тонија Брауер, сопственичка на ваква куќа, искрено вели дека реновирањето ја чинело околу 7.000 евра.

    „Нема да лажам, куќата сега не е совршена, но можеме да работиме на тоа“,изјави таа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично