ПОВЕЌЕ

    Зоран Јовановски реизбран за независен член на НО на НЛБ банка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Економистот Зоран Јовановски доби нов четиригодишен мандат како независен член на Надзорниот одбор на НЛБ банка. Одлуката, е донесена на денес одржаната седница на Собранието на Банката, за што јавноста се информира преку Македонска берза.

    Новиот мандат ќе почне од 31 март идната година.

    Јовановски е магистер по економија. Ангажиран е како советник во Кабинетот на претседателот на Стопанската комора, за макроекономски прашања и јавни финансии. Задолжен е за извршување на работите на Коморскиот сенат и на Советот за напредни технологии и унапредување на квалитетот во производството и услугите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично