ПОВЕЌЕ

    Жито Леб Охрид ја зголеми добивката за 3 насто и вработи уште 6 лица – продажбата расте

    Време зa читање: 2 минути

    Од продажбата на леб, на познатите охридски ѓевречиња и на други видови печива, акционерското друштво Жито Леб од Охрид лани заработило 187,6 илјади евра. Добивката, за нешто помалку од три проценти, го надминува претходното остварување од 2024 година.

    Приходите од работењето на компанијата се стабилни, односно забележано е поместување за 1,77 насто. Притоа, постигнат е износ од 8,9 милиони евра. Од нив, 8,8 милиони евра се обезбедени од продажбата, проследена со раст од 1,53 насто. Останатите приходи се повисоки за 56,45 насто, а во таа ставка се заведени 67,5 илјади евра.

    Што се однесува до расходите, доминантни се три позиции: трошоци за вработените од 2,8 милиони евра (+ 5,45 %); набавна вредност на продадените стоки од 2,6 милиони евра (- 8,93 %); и  трошоци за суровини и материјали од 2,8 милиони евра (+ 2,72 %).

    Во текот на минатата година се зголемила и бројноста во колективот од 289 (во 2024) на 295 лица.

    Охридски „Жито Леб“ ги снабдува жителите на езерското крајбрежје со основната прехранбена намирница од 1957 година. Дел е од истоимениот систем кој опстојува речиси осум децении. Се смета за среден пекарски бизнис со широк спектар на лебови, печива и слатки производи. Главната производствена локација е во Охрид, каде што се распоредени пет продавници, а производите се достапни и во Струга и во Вевчани.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично