ПОВЕЌЕ

    ЗИМУВАЊЕ ВО БАНСКО, БОРОВЕЦ, КОПАОНИК поскапо од Франција

    Време зa читање: 11 минути

    Јануари е време за зимските распусти и зимувањата, а за љубителите на снегот и планината најчест избор на дестинации се зимските рекреативни центри. Најпосетувани од домашните туристи се, секако, регионалните ски-дестинации во соседните земји, Бугарија и Србија, а дел од нив се одлучуваат да посетат и некои од познатите зимски центри низ Европа. Туристичките агенции во својата понуда најголем избор имаат за бугарските центри Банско, Боровец и Пампорово, како и за српската зимска туристичка атракција – Копаоник, а помал дел нудат и пакет аранжмани за скијање на Алпите, односно во Франција.

    „Пари“ направи виртуелна прошетка низ понудата на домашните туристички агенции и ги издвои најкарактеристични елементи од актуелната туристичка понуда за зимската сезона.

    Банско

    Малото гратче Банско, кое се наоѓа на 927 метри надморска височина во Бугарија, е најмладиот и најразвиениот ски-центар во Бугарија. Тој беше еден од кандидатите за Зимските олимписки игри во 2014 година. Градот Банско се наоѓа во подножјето на планината Пирин, заштитен од УНЕСКО, Банско се претвори во главен туристички центар и најпознато бугарско скијачко одморалиште. Банско процвета од 2001 година, кога беше изградена гондолата, проследена со голем број модерни хотели и станови. Банско се наоѓа на 160 км јужно од Софија и 150 км од Пловдив Локацијата на Банско овозможува снежна покривка од декември до април, а алпската природа на планините Пирин обезбедува одлични услови за скијање.

    Во понудата на агенција Атлантис Травел Хотел се пакети за хотел 𝘽𝙖𝙣𝙨𝙠𝙤 𝙎𝙥𝙖 & 𝙃𝙤𝙡𝙞𝙙𝙖𝙮𝙨 4*, каде за едно лице три полупансиони чинат 155 €  (за термин од 14.01.2024), за 4 полупансиони по лице (17.01.2024) чинат 205 € , додека со вклучен автобуски трансфер по лице: 3 полупансиони (14.01.2024) чинат 189 € , а за 4 полупансиони (17.01.2024) – 239 €. Во истиот хотел, за периодот до 10 фебруари, спиење со појадок во двокреветна соба чини 78,10 евра по лице дневно, а истата цена важи и за двајца возрасни со едно дете до 6 години. 86,90 евра би чинела истата услуга за двајца со дете до 12 години.

    Хотел Aspen Golf Resort Ski&Spa 3* е во понудата на агенција Савана. Таму ноќевање со појадок по лице во двокреветно студио, во јануари изнесува 55 евра дневно, додека за полупансион во истото сместување треба да се плати 84 евра.

    Агенција InTravel има евтина понуда за сместување во Банско за јануари, во хотел Pirina Club Hotel 3*, ноќевање со појадок во стандардна двокреветна соба  за едно лице чини 26 евра, додека истата понуда во фебруари е нешто поевтина – 23 евра. Наем на трикреветна соба вкупно би чинел 69 евра. Сместување во Wellness Hotel Bulgaria 4* во стандардна двокреветна соба со појадок, до 17.03. има иста цена – 55 евра по гостин. Двокреветна соба за двајца со дете до 12 години е 109 евра дневно.

    Агенција Папилон ја нуди Gardenia Park Hotel 4*, каде цена на двокреветна соба со појадок за двајца е 167 евра од ноќ, додека за еден возрасен со дете цената со појадок е 67 евра.

    Хавана Турс го нуди хотел Murite 4* во Разлог близу Банско za 49 евра по лице во двокреветна соба за цел јануари, на база на полупансион

    Агенција Бисер Травел за во Банско нуди пакети со две, три и четири ноќевања со полупансиони, во хотел Orphey 4*, заедно со организиран автобуски превоз, за термини во јануари и во фебруари. Аранжманот со два полупансиона чини 6.900 денари, со три полупансиона чини 8.900 денари, додека четиридневен полупансион со лице се нуди само за терминот од 14-ти до 18-ти јануари и чини 10.900 денари по лице во двокреветна соба.

    Хотелот Mountain Paradise 4* во Банско е во понудата на агенцијата Кондор, каде за две лица со сместување во двокреветно студио со полупансион во текот на јануари и фебруари треба да се плати по 51 евро. Во хотелот Maria Antoaneta*, пак, сместување за лице во двокреветна соба, со појадок, чини помеѓу 37 и 40 евра во текот на јануари и фебруари.

    Боровец

    Најстариот и најпопуларен ски центар во Бугарија, сместен на падините на планината Рила на која се наоѓа и највисокиот врв на Балканот. Од Софија е оддалечен 80км, од Скопје околу 220км. а најблизок град му е Самоков (на околу 10км) кој е богат со најразлични културно историски знаменитости. Зимскиот ски центар е основан на крајот на 19 век како ловен резерват за бугарските цареви. Боровец подоцна се развил во модерен ски-центар со луксузни хотели од висока категорија, ресторани, дискотеки, продавници и голем број на ски терени и ски лифтови. Боровец  двапати беше домаќин на Светскиот куп во алпско скијање. Покрај одличните можности за целодневно уживање во зимските спортови, Боровец има голем број хотели, барови, кафулиња, ресторани, ноќни клубови, нудејќи незаборавна забава со локална и интернационална кујна.

    Со агенцијата Далас Турс Iglika Palace 4*  за јануари и втора половина на фебруари е 73 евра по човек на база ноќевање со појадок, во вилите на истиот хотел наем по лице во објект со сместувачки капацитет за 4 возрасни и две деца е 27 евра дневно.

    Edelweis 3* 44 евра по лице на база полупансион за период до 26 јануари, потоа 47 евра

    Bor 3* 49,5 евра по лице на база на полупансион за до крај на фебруари

    Royal Plaza 2* нуди сместување во студија со различни големини, па наем на студио за двајца возрасни со две деца за цел јануари чини 97 евра дневно, додека за наем на апартман со две спални, во кои може да се сместат четворица возрасни треба да се издвојат 150 евра дневно.

    Во понудата на агенцијата Савана за Боровец, меѓу другите, се наоѓа и хотелот Breza 3*, за кој, до крај на јануари цената изнесува 83 евра за двајца возрасни за ноќевање во стандардна соба.

    Во хотелот Samokov 4*, за истата опција едно ноќевање за двајца чини 93 евра.

    Една од поевтините опции кои агенцијата Аурора ги нуди за Боровец во јануари е хотелот Viktoria 3*, каде полупансионска услуга за двајца во стандардна соба чини 73,70 евра дневно.

    Сместување, пак, во вила Malina 3*, по лице би чинела 65 евра дневно за опција ноќевање со појадок, при што за две деца до 12 години е бесплатно. Во истиот објект полупансионската опција чини 81 евро за возрасен, додека за деца до 12 години е бесплатно.

    Lion Hotel Borovetz 4* во family room за полупансионска услуга за возрасен во јануари чини 70 евра, додека за дете до 4 години се доплаќа само евро дневно. За дете до 12 години истата услуга чини 23 евра дневно.

    Сместување со пансион во стандардна двокреветна соба за еден возрасен чини 54 евра.

    Во Festa Winter Palace 5* за едно лице во де лукс соба ноќевање со појадок во истиот период изнесува 86 евра дневно, додека, пак, полупансионот изнесува 108 евра.

    Пампорово

    Eдно од најјужните ски-центри во Европа, се наоѓа во провинцијата Смолјан, 260 км од Софија и 375 км од Скопје. Скијачкиот центар се наоѓа на падините на јужните Родопи, на надморска височина од 1620 м, додека највисокиот врв е Снежанка на 1928 m и се наоѓа на само неколку стотици метри од центарот на градот. Благите зими со силно медитеранско влијание и просечната јануарска температура од 3 °C го прават Пампорово еден од најсончевите ски-центри во Европа.

    Агенцијата Орбит нуди зимување во хотел Orpheus 4* во Пампорово по цена од 147 евра за двајца во стандардна двокреветна соба на база на полупансион дневно, а истата цена важи и доколку се работи за семејство со едно дете до 12 години. Во Kamelia Kompleks 4* сместување за едно лице во едноспален апартман (2+2) чини 55 евра, во двоспален апартман (4+2) 44 евра, а во троспален (6+2) – 43 евра.

    Сама Холидеј исто така има понуда за зимување во Пампорово, од која издвоивме сместување во хотелот Muralitsa 3*. Полупансион за двајца во стандардна двокреветна соба за месец јануари чини 112 евра, додека двокреветна соба со дополнителен кревет е 151 евро од ден. Ноќевање со појадок во стандардна двокреветна соба за двајца во хотелот Castle Complex 4* ќе ве чини 78 евра до 21 јануари, а потоа, до 3 март истата поскапува на 90 евра од ден.

    Наем на Villas Malina 4* за двајца, со појадок дневно чини 110 евра, до 20 јануари, а потоа до почетокот на март има повисока цена – 121 евро дневно. За тројца возрасни наемот чини 133 односно 144 евра.

    Престој во хотелот Snezhanka 3* со агенцијата Камелија Травел на база на полупансион, по лице во двокреветна соба чини 49 евра, додека апартман со полупансиони за дваца возрасни и две деца дневно ќе ве чини 148 евра.

    Во хотел Камена 3* што го нуди Далас Турс полупансион за едно лице во двокреветна соба чини 51 евро.

    Копаоник

    Копаоник е најголемиот и најразвиениот ски центар во Србија, со одлично подготвени скиjaчки стази кои им овозможуваат на гостите вистинско уживање во зимските спортови. Стазите за алпско и нордиско скијање се со должина од окулу 62км, а освен дневното има можност и за ноќно скијање. Копаоник е познат по тоа што има многу добра инфраструктура и поврзаност меѓу стазите. Модерните жичарници и ски лифтови имаат капацитет да опслужат окулу 35.000 скијачи на саат.
    За скијачите почетници, како и за најмладите – децата, постои посебно обезбеден простор со подвижна трака и други механизми за поедноставно и брзо совладување на скијачките вештини.

    Сместување во студио во кое има место за две или три лица во апарт-хотелот Kraljevi Cardaci 3* во викенд населбата Треска на Копаоник со агенцијата Арт оф Травел за период до 21.01. изнесува по 70 евра за лице, додека од 21.01. до 4.02. чини 54 евра од лице. Во ApartHotel&Spa Zoned 4* за полупансион, по лице во студио, во зависност од опременоста на студиото и од тоа дали се работни денови или викенд, за периодот од 21.01. до 4.02. цената се движи од 70 до 87 евра дневно. Хотелот нуди и повремени промоции за престој на деца до 12 години, во зависност од датумот на посета.

    Во Hotel Kraljevi Cardaci 4* , кој е на 5 км од ски-центарот цената на полупансион дневно по лице е 95 евра за периодот од 13.01 до 18.02., а во рамките на тој период хотелот нуди одредени попусти на други услуги, зависно од датумот на престојот.

    Во Вила Добродолац на Копаоник, која ја нуди С-Травел сместувањето на база на полупансион, по лице, до 21.01. чини 31 евро, додека од 21.01. до 4.02. цената е 28 евра. Во вила Копаоник, седумдневен наем на студио за двајца, во зависност од периодот чини помеѓу 511 и 555 евра.Трокреветно студио е помеѓу 595 и 725 евра.

    Франција

    Франција е уште една дестинација на која љубителите на скијање треба да размислат овој јануари, бидејќи Пиринејите и француските Алпи имаат преку еден метар снег во врвните одморалишта. Конкретно, Куршевел и Вал Торенс беа сведоци на импресивни снежни врнежи, со 140 и 117 сантиметри за само три дена, на почетокот на јануари.

    Седумдневен пакет аранжман за скијање токму во познатиот француски алпски ресорт Вал Торенс се наоѓа во понудата на туристичките агенции Сама Холидеј и Номад Травел. Цените на аранжманот, во кој е вклучен престој, превоз и шестдневна ски-карта варираат од типот на сместување, во зависност од тоа дали се работи за сместување во соба со два, три или повеќе кревети, и тоа од 619 до 859 евра. Терминот на поаѓање е 26 јануари.

    Истите агенции нудат и скијање во Ле Арк, голем скијачки центар, а поаѓањето е предвидено за 19 јануари. Цените за седумдневен аранжман, кој вклучува превоз, сместување и 6-дневен ски-пас повторно се движи, во зависност од типот на сместување, од 629 до 819 евра по лице.

    И агенцијата Нехар Турс нуди аранжмани за скијање во Франција оваа сезона, со тоа што дел од понудата беше актуелна на самиот почеток на јануари, а до крајот на месецот актуелна е само понудата за 19.01. за скијање во Ле Арк, со седумдневен аранжман, во кој е вклучен престој, автобуски превоз и ски-карта. Цената, во зависност од типот на сместување се движи од 619 до 799 евра по лице. Пакет аранжман за во ски-центарот Лес 2 Алпес со истите услови се нуди и за март, со поаѓање на 15.03., а цените на аранжманот, зависно која опција за сместување ќе се избере, се  движат од 599 до 759 евра од човек.

    Подготвила: Југослава Дуковска

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично