ПОВЕЌЕ

    ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОИЗВОДИ ВО „ЛИДЛ“: Ајвар, пастрмајлија, ориз, вино, јагне на рафтовите низ ЕУ

    Време зa читање: 2 минути

    Трговскиот синџир „Лидл“ е присутен во 31 земја, со промет од 114 милијарди евра, 12.200 маркети и над 380.000 вработени. А македонските компании веќе пласираат наши производи во објектите на „Лидл“ низ Европа. Што значи стануваме препознатливи со извезување на македонски производи низ земјите во ЕУ, а тоа може да доведе и до 50 отсто од производите што се пласираат во „Лидл“ да бидат македонски.

    Во октомври минатата година започнаа проект за промоција на македонски традиционални производи во „Лидл“, каде се претставивме со македонскиот ајвар, пастрмајлијата, кочанскиот ориз, тиквешкото вино, македонското јагне и многу други производи.

    Од секторот за набавка во „Лидл Македонија“ неодамна истакнаа дека само во „Лидл“ во Србија и во Бугарија до крајот на 2024 година извозот што ќе се реализира е во вредност повеќе од 2.000.000 евра или раст од четири пати во однос на минатата година. Вкусот на македонското овошје и зеленчук е направен достапен до потрошувачите на „Лидл“ во Србија, Бугарија, Романија, Полска, Чешка, Словачка и Германија. Во рамките на календарската 2024 година со нашите локални добавувачи планираме извозот на овошје и зеленчук да достигне 4.500 палети.

    Голема предност е што македонските компании се пробиваат на европскиот пазар преку ваков трговски синџир, а тоа значи дека поставуваме стандарди кои ќе го зголемат квалитетот на понудата, а во исто време ќе бидеме и ценовно конкурентни на пазарот.

    -Повеќе од стотина милиони евра веќе се инвестирани и наша цел е од процентот којшто ни беше претставен со кој ќе бидат застапени македонски производи на рафтовите на компанијата, да дојде до 50 проценти – истакна премиерот Христијан Мицкоски на средбата со менаџментот на „Лидл“.

    Тој очекува дека до 2025 година трендот на извозот да биде три пати повеќе од сега со што ќе се работи во насока на постигнување на квалитетот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично