Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека цената на дизелот пораснува за половина денар.
Со новото поскапување донесено од Регулаторната комисија за енергетика малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 69,50 денари по литар, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,50 денари по литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 62,00 денари по литар.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 0,50 денар/литар иЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,00 денари по литар.
Цената на горивата се очекува да оди само нагоре како резултат на зголемената побарувачка на сурова нафта во светот по закрепнување на економиите од ковид ударот. И Владата најави еколошка такса од околу 4 денари за која ќе се одлучува утре. Сето тоа зборува дека ова лето ќе имаме и изгор цени на горивата.