Женева е најскапиот град за живеење, според новите податоци, кои ги објави компанијата за податоци „Нумбео“ откри дека швајцарскиот град има највисоки трошоци за живот од сите. На второ место е уште еден швајцарски град Цирих.
На листата која се објавува секоја година, има вкупно 331 град. Скопје го завзема 242. место на листата. Како најевтина од сите балкански престолнини е Приштина, која се наоѓа на дури 296-то место.
Њујорк е трет на листата најскапи градови. На листата топ 10 најскапи градови се наоѓаат дури седум големи градови во Соединетите Американски држави: Њујорк, Сан Франциско, Бостон, Вашингтон, Сиетл, Лос Анџелес и Чикаго.
Освен Женева и Цирих, од европски градови на листата се наоѓа уште само главниот град на Исланд, Рејкјавик, кој го завзеде 6-тото место.
На изненадување на многумина, Лондон не се ни влегува во листата на првите 10 најскапи градови. Тој се наоѓа на 13-та позиција.
При составувањето на листата најскапи градови во светот, компанијата за податоци зема предвид фактори како што се трошоците за намирници, вечера, трошоци за кирија итн.
Ова се првите 10 најскапи градови за првото полугодие на 2024 година:
1.Женева
2.Цирих
3.Њујорк
4.Сан Франциско
5.Бостон
6.Рејкјавик
7.Вашингтон
8.Сиетл
9.Лос Анџелес
10.Чикаго
На другиот крај на листата, онаму каде се наведени градовите со најниски цени, доминираат повеќемилионските пакистански и индиски градови. Најевтин е пакистанскиот град Карачи, а веднаш по него е Лахоре. На дното на листата се и Колката и Џајпур од Индија, египетскиот главен град Каиро, како и либиската престолнина Триполи.