Франшизата на американскиот ланец за брза храна Данкин Донатс ѝ плати на една клиентка 3 милиони долари за да го заврши судскиот спор, покренат поради тоа што ѝ паднало топло кафе во скутот, што ѝ предизвикало тешки изгореници и повреди, според нејзиниот адвокатски тим, јавува Си-Ен-Ен. Неименуваната жена тврди дека инцидентот, кој се случил во февруари 2021 година на локација во областа Атланта, се случил затоа што капакот на чашата не бил прицврстен.
Според адвокатот на жената, капакот се одвоил од чашата откако ѝ го дале пијалокот и жешкото кафе се истурило во скутот, предизвикувајќи и изгореници од втор и трет степен на бутовите, препоните и стомакот. Повредата резултираше со тоа што таа помина неколку недели на одделение за изгореници во болница во Џорџија, што ја чинеше 200.000 долари. „ Истурањето никогаш немало да се случи доколку вработениот во ресторанот правилно го обезбедил капакот на шолјата за кафе на нашиот клиент“, изјавија нејзините адвокати.
Ова е втор случај по познатата тужба за топлото кафе од Мекдоналдс од пред неколку децении, во која на друга жена ѝ се истурило кафе во скутот и се здоби со изгореници од трет степен. Изгорениците од трет степен се најтешки и продираат низ целата кожа.
Поротата во 1992 година се согласи со нејзиното тврдење дека кафето е неразумно жешко, што и беше, според Американскиот музеј за прекршоци. Кафето беше „30 до 40 степени потопло од кафето кое го служеа други компании“, велат од Правниот музеј. На тужителката во тој случај првично и биле доделени речиси 3 милиони долари, но таа се решила за помалку, околу 480.000 долари, по жалба на тужената компанија.