ПОВЕЌЕ

    Заштита на потрошувачи при договори за потрошувачки кредити

    Време зa читање: 2 минути

    – Дали трошоците за аплицирање за потрошувачки кредит и трошоците за проверка на кредитната способност на клиентот преку добивање извештај од Македонското кредитно биро треба да се вклучат во пресметката на стапката на вкупните трошоци, согласно со точката 14 потточка ж) став 1 од Одлуката за методологијата за пресметување годишна стапка на вкупните трошоци?

    Народна банка: Една од целите на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити („Службен весник на Република Македонија“ бр. 51/11, 145/15, 23/16 и 20/19) и подзаконските акти коишто произлегуваат од него, е потрошувачот да добие точна и навремена информација за трошоците што е должен да ги плати за користење потрошувачки кредит и да врши споредба на трошоците при изборот на потрошувачкиот кредит со најповолни услови. Согласно со точката 14 потточка ж) став 1 алинеја 1 од Одлуката за методологијата за пресметување годишна стапка на вкупните трошоци, во пресметката на СВТ се вклучува и провизијата за обработка на барањето за кредит (трошок за аплицирање за потрошувачки кредит). Согласно со точката 14 потточка ж) став 1 алинеја 6 од Одлуката, во пресметката на СВТ треба да се вклучат сите трошоци, провизии и надоместоци коишто се задолжителни и се директно поврзани со кредитот. Оттука трошокот за добивање на податоците од Македонското кредитно биро, заради проверка на кредитната способност на клиентот, ќе се земе предвид при пресметката на СВТ, доколку во преддоговорните информации и во договорот за потрошувачки кредит, банката предвидела задолжителна обврска за таква проверка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично