ПОВЕЌЕ

    Запознајте го следното поглавје на Ultra

    Време зa читање: 2 минути

    Со години, Samsung ги слушаше корисниците кои бараа поголеми екрани, подобри камери и нови начини за поврзување и креативност. Побарувачката е јасна — Ultra-искуство што оди подалеку од обичен список на надградени карактеристики, во помала и понослива форма.

    Токму затоа следното поглавје на Galaxy е да понуди искуство кое беспрекорно ја спојува уметноста и инженерството за да ги унапреди секојдневните интеракции.

    Стиснете се во полниот автобус за време на попладневното враќање дома, со уредот склопен во рака, и користете гласовни команди за му да дозволите на AI да ви најде совршен ресторан и да му испрати порака на вашиот придружник. Завршете го недовршениот службен мејл додека патувате, а потоа искористете ја моќната камера за да го овековечите вашето вечерно излегување. AI-алатките овозможуваат пораки, прелистување и гејминг во движење преку цел ден, за вие да се фокусирате на вашиот живот, и сето тоа без да ве оптоварува.

    Водечка хардверска платформа во индустријата, врвни перформанси и беспрекорна AI-интеграција оптимизирана за преклоплива форма е она што корисниците го очекуваат од Galaxy Ultra.

    А кога ќе се отвори се трансформира во поимпресивен центар за забава, пространа работна површина или моќна алатка за мултитаскинг, сега дополнително зајакната со моќните функции на Galaxy AI специјално дизајнирани за овој формат.

     Ultra-искуството е подготвено да се открие.

    За Samsung Electronics

    Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината преку трансформативни идеи и технологии. Компанијата ги редефинира световите на телевизијата, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, домашните апарати, мрежните системи, мемориските и LED решенија, обезбедувајќи поврзано искуство преку екосистемот SmartThings и отворена соработка со партнери. Најнови вести од Samsung прочитајте  на https://www.samsung.com/mk/news/.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично