ПОВЕЌЕ

    Запленет милионски паричник со Биткоин, измамникот не ја дава лозинката

    Време зa читање: 2 минути

    Германските обвинители од измамник конфискувале биткоин во вредност од повеќе од 50 милиони евра (60 милиони долари). Но, има само еден проблем: Тие не можат да дојдат до парите, бидејќи тие се заклучени со лозика, а осудениот не им ја дава лозинката.

    Човекот кој е осуден на затворска казна и за време на неговото издржување на затворската казната, користејќи го својот молк, не сака да им ја даде лозинката од парите на полицијата иако  полицијата правеше повеќе неуспешни обиди да го пробие кодот за да пристапи до повеќе од 1.700 биткоини, ова го изјави обвинител во баварскиот град Кемптен.

    „Го прашавме, но тој не сакаше да ни ја каже, а можеби и не ја знае “, рече обвинителот Себастијан Мурер во петокот.

    Биткоинот се чува на софтвер познат како дигитален паричник кој е обезбеден преку криптирање. Лозинката се користи како клуч за декрипција за да го отворите паричникот и да пристапите до биткоинот. Кога лозинката ќе се изгуби, корисникот не може да го отвори паричникот.

    Измамникот беше осуден на повеќе од две години затвор за прикриено инсталирање на софтвер на други компјутери за да ја искористат својата моќ да „рушат“ или да произведуваат биткоин.

    Во тој период, кога го ставија зад решетки, вредноста на биткоин беше многу помала од сегашната. Цената на биткоинот се зголеми во текот на изминатата година, достигнувајќи рекордно високо ниво од 42.000 долари во јануари 2020. Во текот на вчерашниот ден (сабота) се тргуваше по цена од 40.184 долари.

    Обвинителството сепак се осигурало дека измамникот нема да може да има пристап до овие пари.

    Прочитајте и: Цената на Етериум достигна нов рекорд

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично