ПОВЕЌЕ

    Заменик министерот Николоски во Самарканд: Поддршката од ЕБОР значајна за реформските процеси

    Време зa читање: 2 минути

    Економскиот раст не е краткорочен процес, туку е збир од повеќе чекори кои ќе дадат одржливи резултати. Затоа Владата континуирано спроведува структурни реформи и политики, насочени кон одржување на растот во време на кризи, но и на негово забрзување на среден и долг рок. Односно, се преземаат активности постепено ќе придонесуваат за одржлив економски раст и подобрување на животниот стандард за сите граѓани. Владините активности во насока на растот и развојот ги претстави заменик министерот за финансии, Филип Николоски, обраќањето на Годишното собрание на Европската банка за обнова и разво, кое се одржува во Самарканд, Узбекистан.

    „Во време кога нашата економија, како и другите економии ширум светот, се соочува со големи предизвици, остануваме целосно посветени кон поттикнување на инвестициите во областите за одржливиот развој, како што се зелената транзиција, дигитализацијата, инфраструктурните проекти, човечкиот капитал, а во остварување на тие приоритети значајна е поддршката што ја добиваме од ЕБОР, која очекуваме да продолжи и во наредниот период“, посочи Николоски.

    Во овој момент на глобалната економија и требаат здрави домашни политики во комбинација со цврста посветеност на меѓународната соработка, за да се создаде поотпорна глобална економија со одржлив и поинклузивен раст, нагласи заменик министерот, истакнувајќи ка притоа важноста од продолжување на поддршката што ЕБОР ја дава на најпогодените земји.

    Европската банка за обнова и развој е наш долгорочен развоен партнер. Од 1993 година со финансиска поддршка од 2,5 милијарди евра преку 173 проекти, ЕБОР придонесува за зголемување на конкурентноста на македонската економија, поврзувањето со регионот, како и зелената транзиција. Најголем дел од средствата се наменети за проекти во јавниот сектор.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично