ПОВЕЌЕ

    Асистенција за победа – Комерцијална банка под обрачот на македонската кошарка

    Време зa читање: 3 минути

    На дресот на македонската кошаркарска репрезентација ќе има ново, но добро познато име – Комерцијална банка. Една од најголемите и најстабилни финансиски институции во земјава одлучи да застане зад националниот тим. Не како навивач. Туку под обрачот, како играч со број 6, во улогата на генерален спонзор на Македонската кошаркарска федерација. Влогот е: поддршка за успех, инспирација за младите и обнова на победничкиот дух на црвено-жолтите.

    Соработката со Кошаркарската федерација доаѓа токму во пресрет на претквалификациите за Светското првенство во Катар 2027. Македонската репрезентација се подготвува за нов циклус, а банкарскиот гигант ја гледа шансата токму тука – да вложи во спорт што носи емоција, заедништво и иднина.

    Затоа, ова не е обична спонзорска зделка, туку порака дека Комерцијална банка верува во македонската кошарка и во младите генерации.

    „Поддршката на спортот е поддршка на вредности кои се темел на секое здраво општество – дисциплина, тимска работа, истрајност и почит. Горди сме што стануваме дел од кошаркарската приказна и веруваме дека заедно ќе инспирираме нови генерации да сонуваат и да победуваат. Веќе седум децении Комерцијална банка како општествено одговорна компанија континуирано вложува во развој на заедницата со цел заедно да постигнеме уште поголем напредок и успеси на кои сите ќе се радуваме“, нагласи неодамна, при официјализирањето на партнерството, главниот извршен директор и претседател на Управниот одбор на Комерцијална банка, Хари Костов.

    Од КФМ, пак, посочуваат дека по подолго време, на позицијата генерален спонзор повторно се појавува домашна компанија. Во време кога репрезентацијата бара нова енергија и победнички курс, ова партнерство доаѓа како шут во последна секунда – што влегува директно во кош.

    „Морам да забележам дека по подолго време на челната спонзорска позиција застанува една македонска компанија. Би сакал да им се заблагодарам на првите луѓе од Комерцијална банка и на директорот Костов за поддршката и разбирањето кое го искажуваат со овој чин. Ние како Федерација ќе направиме сè што е во наша моќ да ја оправдаме довербата и, секако, во иднина да имаме основа за продолжување доколку има интерес“, истакна челникот на Македонската кошаркарска федерација, Томе Главчев.

    Ова партнерство на македонската кошарка ќе и обезбеди финансиска стабилност во период кога машката репрезентацијата влегува во нов квалификациски циклус. За Банката е можност да остави уште една длабока општествена трага, а за јавноста е пример дека домашните брендови можат и треба да бидат двигатели на успехот и на други полиња, а не само во својата дејност. Додека играчите се подготвуваат за нови предизвици, Комерцијална банка покажа дека најважната инвестиција е онаа што оди кон луѓето и кон спортот. И, дека заедничко им е сфаќањето – секој меч е шанса за победа, ако имаш добра екипа.

     

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично