ПОВЕЌЕ

    За седум минути со воз од Данска до Германија – се гради најголемиот подводен тунел во светот

    Време зa читање: 2 минути

    Германија и Данска ја градат најдолгата подводна железница и патен тунел во светот. Тунелот наречен Фехмарнбелт ќе поминува под Балтичкото море во должина од 18 километри. Ќе ја поврзе јужна Данска со северна Германија, а воедно ќе придонесе во еколошката трансформација на транспортниот сектор. Изградба ќе чини околу 4,8 милијарди евра.

    Со тунелот се воспоставува директна врска меѓу данскиот град Родби и германскиот Путгарден, а патувањето ќе се скрати на десетина минути. Од сегашното 45-минутно возење со траект на само седум минути со воз. Освен тоа, подводниот тунел ќе создаде и дополнителни патни и железнички врски меѓу Централна Европа и скандинавските земји. Неговото отворање е планирано за 2029 година.

    Од Sund & Baelt, компанијата што го гради Фехмарнбелт, велат дека тоа ќе биде најдолгиот подводен патен тунел во светот. Со возење по четири ленти, автомобилите ќе можат да го преминат Балтичкото Море за десет минути, додека на возовите ќе им требаат само седум минути за тоа, пишува „Euronews“.

    Официјалниот почеток на овој градежен зафат неодамна го означи данскиот крал Фредерик X, со откривање плоча на влезот од првиот дел на тунелот долг 217 метри. Годинава таа плоча ќе биде спуштена во ров на морското дно, на данската страна.

    Инаку, овој проект мешу двете држави се договара од 2011 година, на данска страна работите почнаа во 2022, а на германската лани.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично