
Ова не е проблем „од вчера“ – и превозниците тврдат дека со години предупредуваат дека ограничувањето „90 во 180 дена“ ќе удри директно по синџирите на снабдување и по движењето на стоки. Билјана Муратовска, генерален секретар на „Макам – транс“ во поткастот „Каде се парите?“, вели дека уште пред неколку години почнале со дописи до стопанските комори и дека со поддршка на Царинската управа, испраќале циркуларни писма за да сигнализираат дека проблемот се продлабочува. Според неа, реакцијата била слаба или негативна, а коморите не гледале долгорочно – иако последиците, кога ќе се „исполни“ лимитот на денови, може да значат пад на производството, застои и дополнителни трошоци за целата економија.
„Ние пред три години почнавме со дописи до сите стопански комари. Јас мислам дека и нашиве стопанственици генерално во Македонија и во Западен Балкан воопшто не го сфатија проблемот. Бидејќи нив робота им се движеше и кога ги праќавме тие циркуларни писма за да им кажеме дека ќе има проблем, затоа што почнавме да се соочуваме, тие едноставно не игнорираа.“
Следете нè и притиснете „subscribe“
Аналитика








