ПОВЕЌЕ

    За една година зголемена за 9,3 насто – Просечната плата во септември е 45.466 денари

    Време зa читање: < 1 минутa

    Просечната плата исплатена во септември е 45.466 денари. За една година статистиката регистрирала раст од 9,3 насто.

    Зголемувањето, велат од Државниот завод за статистика, првенствено се должи на позитивните движења во три сектори. Во образованието просекот е повисок за 14,9 насто, во дејности на здравствена и социјална заштита за 12,6 и во транспорт и складирање за 11,5 насто.

    Што се онесува до промените во однос на август, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е поголема во: преработувачката индустрија за 3,5 проценти; во јавната управа и одбраната; како и во задолжителното социјално осигурување за 1,8; додека во рударство и вадење на камен за 1,1 процент.

    Бруто-износот на просечната плата за септември е 68.392 денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично