ПОВЕЌЕ

    За една година девизните резерви повисоки за 500 милиони евра         

    Време зa читање: 2 минути

    Официјалните девизни резерви на крајот од март се во износ од 4.788,1 милион евра. За 73,2 милиони евра пониски во однос на претходниот месец.

    Најголемиот дел од овие средства се пласирани во хартии од вредност – 77 проценти. Во март е забележливо зголемувањето на резервите насочени кон монетарното злато, од 13,4 проценти (12,5% во февруари). Исто како и во вториот, така и во третиот месец од годинава се намалува пласманот во валутите и депозитите. Во март е 9,6 проценти, додека во февруари – 11,3 проценти, покажуваат податоците од Народната банка.

    За споредба, во март 2024, нивото на официјалните девизни резерви било 4.287,1 милион евра. Тоа укажува дека за една година има зголемување од 501 милион евра.

    Сигурноста и ликвидноста во управувањето со девизните резерви се обезбедува преку пласмани во финансиски инструменти со висок кредитен рејтинг, кои овозможуваат брза достапност до ликвидни средства, велат од НБРСМ. Тие средства се достапни и расположливи за монетарната власт, во чија надлежност е и контролата врз нив. Основната функција на девизните резерви е да ја заштитат економијата од негативни надворешни шокови, за редовно сервисирање на надворешниот јавен долг и за интервенции на девизниот пазар.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично