ПОВЕЌЕ

    За акционерите на Комерцијална банка – дивиденда од 1.350 денари по акција

    Време зa читање: 2 минути

    По успешно одработената 2025 година, акционерите на Комерцијална банка ќе поделат дивиденда во бруто износ од 50 милиони евра. Се предлага сума од 1.350 денари за акција. Предлог одлуката на Управниот одбор ќе биде проследена до Надзорниот одбор, а потоа и до Собранието на акционери.

    „Врз основа на финансискиот резултат утврден за 2025 година и Програмата на мерки и активности на деловната политика и финансискиот план на Комерцијална банка АД Скопје за 2026 година, усвоена на 29.01.2026 година од страна на Надзорниот одбор на Банката, Управниот одбор на Банката планира до Надзорниот одбор на Банката, а соодветно и до Собранието на акционери, да достави Предлог Одлука за распоредување на добивката со која ќе се исплати бруто-дивиденда во вкупен износ од 3.076.740 илјади денари, како и Предлог Одлука за определување на износот на дивиденда за 2025 година со која за 1 (една) обична акција ќе се предложи бруто-износ од 1.350,00 денари“, наведено е во објавата на Банката.

    Предложениот бруто износ е за 8 насто повисок во однос на дивидендата за 2024 година. Тогаш дивидендата се пресметуваше по 1.250 денари за акција.

    Од деловните активности реализирани минатата година, Комерцијална банка оствари добивка од над 82,5 милиони евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично