Нето приходот од 6,32 милијарди јуани бил за 87,4 проценти поголем од вториот квартал минатата година и исто така ги надминал очекувањата.

Санкциите на американската влада против ривалот на Xiaomi, Huawei, ефективно го уништија бизнисот со паметни телефони на технолошкиот гигант и му дозволија на Xiaomi, заедно со кинеските производители на Android, Oppo и Vivo, да го зголемат својот удел на пазарот.

Уделот на Xiaomi на глобалниот пазар на паметни телефони пораснал за 83 проценти на годишно ниво во кварталот што заврши до јуни, според истражувачката фирма Canalys. Притоа, испорачале 52,8 милиони телефони, со што станале втор најпродаван бренд на светот за прв пат во својата историја, зад Samsung и пред Apple, јавува Ројтерс.