Доколку имате активен животен стил кој вклучува планинарење, фитнес, скијање, возење велосипед или едноставно трчање, за максимум комфор добро е да користите облека од природни материјали. Мерино волната е водечки природен материјал, обезбедува максимум комфор и повеќе простор за авантура. Иако ценовно е позиционирана погоре од другите модерни синтетички материјали, природното потекло и удобноста, гарантираат вистинско уживање.
Најважни карактеристики се супер регулатор на температура, лади во лето, грее во зима, помага да се заштити телото од промени во температурата и нивото на влага. Физичките активности може да се одвиваат во различни услови, а видот на облеката има големо влијание врз перформансите на телото и негова заштита. Волнените влакна апсорбираат 30% повеќе влага, која не ја чувствувате на вашата кожа, лесно испарува кон надвор, правејќи ја волнената облека поудобна и покорисна од другите материјали. Во зима најбрзо губите температура ако носите облека која е испотена, држи влага и не суши брзо.
Природно отпорна на мирис поради уникатните антибактериски својства, уште една клучна придобивка, зошто мерино волната е победник во сегментот на активна облека. Погодна за повеќедневни физички активности.
Волната за максимум ефект се носи директно на телото како прв слој. Зголемена дишливост, апсорбира повеќе влага не губејќи ги својствата. При потење нема мирис и е супер за фитнес во затворен простор. Добро ја балансира температурата на телото , грее, лади и штити од забрзано дехидрирање на кожата.
Во Македонија, како новина на пазарот, преку брендот Woolona, на располагање ви е облека целосно изработена од австралиска мерино волна, со 100% учество на мaтеријалот при изработката.