ПОВЕЌЕ

    WIZZ AIR СО РЕКОРДЕН БРОЈ НА ПРЕВЕЗЕНИ ПАТНИЦИ ВО ЈУНИ

    Време зa читање: 3 минути

    Превезени 4,34 милиони патници и пораст од 179% на годишно ниво

    Скопје, 19 јули 2022 година: Wizz Air, најбрзо растечката и најодржлива ултра нискобуџетна авиокомпанија во Европа, го слави неверојатно високиот број на патници во јуни, превезувајќи рекордни 4,34 милиони патници во текот на месецот. Ова претставува зголемување од 179% во споредба со јуни 2021 година.

    Во текот на изминатите 12 месеци, Wizz Air брзо ја прошири својата разновидна мрежа, додавајќи 200 нови линии до 126 дестинации низ Европа и пошироко.

    За да го поддржи овој континуиран раст, Wizz Air ја прошири флотата за 27 ултра модерни и ефикасни авиони Ербас во текот на изминатата година. Вклучувајќи ги најновите технологии, флотата од Ербас на Wizz Air е составен елемент на стратегијата за одржливост на авиокомпанијата, поддржувајќи ги нејзините цели за намалување на емисиите на CO2 за 25% по патнички километар до 2030 година. Претходно оваа година Wizz Air, исто така, потпиша Меморандум за разбирање со Airbus за истражување потенцијалот за операции на авиони на водород.

    Големиот број на нарачки кои се во договор со Ербас ја поткрепува целта на Wizz Air да биде групација со флота од 500 авиони до крајот на деценијата. Нарачката во моментов се состои од 13 A320neo, 255 A321neo и 47 A321XLR авиони, плус дополнителната нарачка за 15 A321neo и правата за купување за 75 A321neo, што претставува вкупно 411 авиони.

    Zsuzsa Trubek, менаџер за комуникации во Wizz Air, изјави: „Горди сме што со нас летаа рекорден број патници до нивните дестинации во јуни. И покрај добро документираните предизвици со кои се соочува туристичката индустрија, постигнавме значителен раст во текот на изминатата година, поставувајќи ги темелите за континуиран раст во следната деценија. Нашата нарачка од над 400 авиони Ербас е вистинска промена на играта за WIZZ, нудејќи најнизок еколошки отпечаток по патник, како и поткрепа на нашата амбициозна стратегија WIZZ500. Би сакале да им се заблагодариме на нашите лојални клиенти што продолжија да го избираат Wizz Air поради неговите ниски цени, разновидна мрежа на рути, модерна и зелена флота, како и одличната услуга во авиотранспортот“.

    За Wizz Air                                                                                    

    Wizz Air, најбрзорастечката ниско-буџетна авиокомпанија вo Европа, управува со флота од 158 Airbus A320 и Airbus A321 авиони. Во Wizz Air, тим од авијациски професионалци нудат извонредна услуга и ниска цена на билетите и го прават Wizz Air подобриот избор за 27.1  милиони патници во финансиската година Ф22 која завршува на  31 Март 2022. Wizz Air котира на Лондонската берза под тикер: WIZZ. Компанијата неодамна беше именувана за една од десетте најбезбедни авиокомпании во светот од страна на airlineratings.com, единствена светска агенција за рејтинг на безбедност и производи, а неодамна беше именувана за „Европска авиокомпанија на годината – 2020“ од страна на ATW, најпосакуваната чест што може да ја добие една авиокомпанија или индивидуа, и најодржлива компанија во авионската индустрија во 2021 година од страна на World Finance Magazine.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично