ПОВЕЌЕ

    TOW: Враќање назад на работа

    Време зa читање: 3 минути

     

    #СедиДома и #РаботаОдДома ќе биде концепт кој, веројатно, уште долго време ќе се применува, но она што е поважно е дека луѓето пополека ќе почнат да се враќаат во „нормала” односно на работа.
    Последиците од #РаботаОдДома ќе остават голема трага врз нашите животи и она што е најважно, бидете подобро подготвени за следниот пат, кој најверојатно ќе дојде за многу скоро време…

    Имајќи го предвид тоа дека ќе треба пополека да се враќаме во „нормала”, ќе треба пополека да се подготвувате за тоа:

    • Протокол – задолжително направете протокол за однесување на вработените при влегување во работните простории, и при излегување од работа. Ние веќе го направивме, а имате по сајтовиве и некои насоки. Еве, ако сакате и нашиот да ви го испратиме.
    • Распоред на доаѓање на работа – голем број фирми, каде што е тоа возможно, колегите кои се во иста канцеларија, доаѓаат на смени за да нема мешање меѓу нив. Секако, ова е таму каде што е возможно, но пополека враќањето во нормала е повеќе од потребно.
    • Распоред на седење – доколку овозможува работното место, направете нов распоред на седење кое ќе биде со уредбата за дистанца помеѓу вработените.
    • Работни саати – враќањето нека биде во етапи. Првата недела нека доаѓаат неколку саати, следната недела повеќе, за да веќе после максимум 3 недели, сите да бидат со цело работно време…секако, другиот дел од работниот ден за тие што биле само неколку саати на работa, другите саати ќе ги #РаботиОдДома..нормално, каде што е ова возможно..
    • Споделување на инфо – имајте цело време личност која ќе ги мониторираат сите новости кои ќе бидат поврзани со целата ситуација и ќе има постојано информирање на другите колеги со заострување или со ублажување на мерките. Соодветно на тоа и вие во вашата компанија ќе треба да се однесувате и да се придржувате кон овие мерки.
    • Хигиена – во овој период, потребно е хигиената во работните простории да биде на највисоко ниво. Но, за да биде тоа така, мора да имате обезбедено соодветни хигиенски продукти, не може да нема!
    • Страв – ова е период кога сите се на овој или оној начин уплашени за своето  здравје, но и за здравјето на своите најблиски, но има и такви кои не веруваат во сето ова што се случува. Потребно е да се направи баланс меѓу овие две групи за нормално да тече работата:
      • Проветрување на просториите
      • Подолги паузи
      • Намалување на неформални муабети (непотребно ширење на непотребни информации)
      • Генералка – направете генералка на целиот простор пред да дојдат сите вработени назад на работа и тоа означете дека е дезинфицирано!

    Како што може да прочитате, а сигурно има уште мал милион други работи кои не се тука наведени, има многу работи пред да се вратите на нормално работно време. Затоа, не оставајте неколку саата, туку планирајте неколку дена.

    „Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат на www.pari.com.mk во соработка со www.tipoftheweek.co обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење. Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој:

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично