По големиот број гласови за поддршка на номинацијата, жири комисијата на специјализираното списание од областа на финансиската индустрија, меѓународниот бизнис и глобалната економија „Ворлд Фајнанс“ го прогласи Сава пензиско друштво а.д. Скопје за победник во категоријата „Најдобар пензиски фонд – Македонија – 2022 година“.
Програмата за награди на пензиски фондови оваа година имаше за цел да ги одрази, прикаже и да ги истакне иноваторите и лидерите во индустријата, во пејзажот на „новата нормалност“.
Според овој респектабилен магазин и жири комисијата, претстои време на предизвици, но исто така, тоа води кон иновации и промена во актуелната понуда на пензиските фондови. „Постојат неколку неодложни оперативни прашања кои треба да се земат предвид во пејзажот на „новата нормалност“, што значи дека Друштвата за управување со пензиски фондови кои ќе дејствуваат најбргу во овие околности ќе стекнат посилно влијание, сигурност и доверба кај членовите.“
Токму во овој контекст, судиското жири за наградите за пензиски фондови, но и пошироката заедница на „Ворлд фајнанс“, се восхитени од ефикасноста во работењето, ориентираноста кон пристапот „клиентот е на прво место“, извонредноста и издржливоста на бизнис-моделот и пристапот на Сава пензиско.
“Една од предностите на Сава пензиско е многу убедливата програма за едукација/контакт со клиентите, со што на населението му се овозможува проактивно, сеопфатно разбирање и сознанија за суштината и важноста на пензискиот систем, како и за потребите и целите на нивните потенцијални пензиски планови.
Ова претставува јасна демонстрација дека Сава пензиско ги исполнува највисоките очекувања и барања на клиентите во „новата нормалност“. Еден од темелните фактори за силното лидерство и успехот што Сава пензиско ги покажа низ годините се оперативните предности што ги носи членството во високо почитуваната Сава Осигурителна Групација.
Ова му овозможува на Сава пензиско да биде едно од поголемите, наградувани Друштва за управување со пензиски фондови којшто е во врвот на стручноста за пензиски фондови во регионот. Дури и повеќе, Сава пензиско е репер за извонредност во врска со прашањата и експертизата за пензиските фондови.“ – велат од стручното жири за наградата.
За Управниот одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје оваа награда претставува само уште една од низата потврди за квалитетот на услугите на Друштвото. „Најголема заслуга за квалитетот на нашите услуги има нашиот високо стручен тим на вработени и пензиски агенти кои својот успех го мерат единствено преку задоволството на членовите кои ги опслужуваат. Оваа награда е и потврда за валидноста на главните столбови на нашата стратегија: (i) дигитализирани услуги, (ii) потребите на клиентот како главен постулат за одлучување, (iii) одржливо инвестирање и одржливи деловни практики.