ПОВЕЌЕ

    ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГИ ПРЕПЛАШИ: Македонците нагло купуваат брашно

    Време зa читање: 2 минути

    Војната во Украина очигледно ги преплаши македонските граѓани, па дел од нив деновиве поитаа да обезбедат залихи со храна. Најмногу се купува брашно. Рафтовите со брашно во помалите маркети речиси и да беа празни, а за паниката кај граните раскажуваат и трговците и продавчките.

    -Од пред два три дена откако почна војната во Украина забележуваме дека многу повеќе се купува брашно од порано. Залихите веќе ги потрошивме, па нарачавме уште брашно, велат трговците.

    Русија и Украина заедно во светскиот извоз на пченица учествуваат со 29 проценти. Сепак македонските граѓани не треба да се плашат дека ќе останат без еден од стратешките производи бидејќи Македонија недостигот од пченица и брашно го надоместува со увоз од Србија и Бугрија, од каде пак веќе најавија дека имаат доволно пченица.

    ,,Македонија увезува пченица од Србија и од Бугарија, кои се големи производители и имаат доволно количини за извоз, а доколку дојде до некое нарушување на цените поради состојбата во Украина, на располагање се стоковните резерви, во изјава за ,,Слободен печат”, вели Румен Смилевски кој долги години е во бизнисот со увоз на брашно.

    Во меѓувреме светските цени на храната се движат на највисоко ниво во последната деценија, поттикнати од силната побарувачка за пченица и млечни производи.

    Фјучерсите на пченицата во Чикаго се зголемија за повеќе од 2% во средата, при што пченката достигна највисоко ниво во последните седум месеци, а сојата исто така поскапе. Сите три клучни состојки за храна и добиточна храна се зголемија за околу 40% во однос на најниските нивоа во 2021-ва година, поттикнати од опаѓањето на производството и силната побарувачка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично