Познат инвеститор купил пакет од 454 акции на најголемата домашна банка. Блок трансакцијата е во вредност од речиси 130 илјади евра.
Првата дневна официјална листа на Македонска берза за неделава покажува дека се работи за инвестирани близу осум милиони денари, поточно 7.990.400 денари. За една акција на Комерцијална банка новиот сопственик платил 17.600 денари.
Цената е иста како и последната постигната на официјалниот пазар, додека просечната е 17.573,86 денари. На првиот работен берзански ден истргувани се 390 акции издадени од Банката, со кои е направен промет од 6,853.810 денари или над 111 илјади евра.
Најтргуваната акција на Македонска берза бележи постојан раст на вредноста. Минатата година ја заврши со просечна цена од 12.509,55 денари, а оваа ја стартуваше со јануарскиот просек од 15.252,52 денари.